еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца браќа на 21 и 26 годишна возраст починаа од Ковид-19

Почина 21-годишен кавадарчанец, брат на момчето кое деновиве на Инфективната клиника ја загуби битката со Ковид-19. Градоначалникот Митко Јанчев на својот фејсбук-профил објави дека ова е тажен ден за Кавадарци.

– За жал, денеска изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме едното момче на 26-годишна возраст, денеска почина и неговиот брат на 21-годишна возраст.

Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството во овие моменти.

Заедно со Советот на Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство.

Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија.

Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови, напиша Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајцата браќа од Кавадарци кои починаа од Ковид-19 имале апластична анемија

Почина 17-годишна кавадарчанка од Ковид-19, во Кавадарци 14, во Неготино 5 нови случаи

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот не му го врати пасошот на Мијалков

Редакција

Владата да го врати буџетот на МИА, дописништвата од светот да продожат со работа, бараат од Синдикатот на Агенцијата

Редакција

За викендот на граничните премини Богородица и Стар Дојран поминале 51 илјади патници

Редакција