еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата да го врати буџетот на МИА, дописништвата од светот да продожат со работа, бараат од Синдикатот на Агенцијата

Синдикатот на Медиумските Информативни Агенции (СМИА) бара Владата веднаш да ја повлече одлуката за кратење на буџетот на МИА, што доведе до „ставање во мирување“ на дописништвата во Брисел, Вашингтон и Атина, односно нивно времено укинување.

„Со кратењето на буџетот, освен што се доведуваат во прашање и платите на останатите вработени во државната МИА, ова дополнително доведува до кратење на информациите до граѓаните за вестите од светот, Европа, Балканот,“ стои во соопштението на СМИА.

Дописништвата на МИА, додаваат оттаму, информираат за економските, политичките, како и за состојбите во здравството во светот, но и за активностите на релевантните светски и европски институции во однос на македонските евроинтеграции, особено сега кога државава ги отвора поглавјата за членство со ЕУ.

„Знаејќи го фактот дека продукцијата на МИА покрива повеќе од 80 проценти од медиумските информации во државава, се доведува до прашање дали граѓаните ќе ја знаат вистинската позиција на Македонија во меѓународната заедница,“ наведуваат од СМИА.

Синдикатот наведува дека дополнително на ова, ваквата несериозна одлука за кратење на 12 милиони денари од Буџетот за 2023 година, доаѓа во период кога во светот и кај нас се води хибридна војна, односно ширење на лажни вести и дезинформации во медиумскиот простор, со кои МИА успешно досега се справуваше.

СМИА бара итен состанок со Комисијата формирана од страна на Владата за решавање на проблемот со Буџетот на МИА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стејт департмент: Груевски треба да се соочи со правдата во својата земја

Редакција

МВР: Граѓаните да внимаваат, лажни електронски пораки се испраќаат во име на полициски функционер

Редакција

Средба на лидерите на партиите од „Можеме“: БЕСА го доби Министерството за земјоделство

Редакција