еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонски ученици со часови чекаа на српско-унгарската граница поради зголемен сообраќај

Министерството за надворешни работи веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци.

„За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин,“ информира МНР.

Од Мниистерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.

-Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: [email protected] ; како и информациите на нашиот веб:mfa.gov.mk.

Дел од македонските медиуми јавија дека средношколци од гимназијата Орце Николов, цела ноќ заглавиле на унграрската граница, без вода и храна, биле претресувани и задржани без објаснување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Леб има и се продава по 33 денари, дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи, најави директорот на Пазарниот инспектoрат Трајковски

Редакција

Министерството за правда вработува девет лица, плата до 37.631 денар

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Редакција