еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите

Се случи чин кој ги минира и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името „Ванчо Михајлов“ не претставува ништо друго освен смислена провокација, која во исто време праќа и порака, смета Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

– Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. И кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, па дури и како чин кој преминува на спротивната страна од т.н. пријателство, вели Ѓоргиев за Дојче веле.

Според него, називот на бугарскиот културен клуб во Битола праќа и порака до Македонците, која нема никаква врска со културата.

– Повеќе од очигледна е тенденцијата да се потсети македонската јавност дека познатите идеи на Михајлов во однос на македонската нација и јазик ќе продолжат да бидат негувани во самата Македонија. Порака која, за жал, ќе го направи уште поголем расколот меѓу Македонците и Бугарите.

Од друга страна, ваквиот чин го покажува вредносниот систем на одредена заедница. Кога од минатото се извлекуваат одредени вредности култивирани преку личности или настани, тогаш преку нив се дефинира сегашна вредносна и идеолошка позиција, како и визијата кон иднината на една заедница.

И кога притоа, и покрај постоење на бројни други можности, се извлекуваат вредности кои припаѓаат на мрачната страна на историјата, тогаш, се разбира, мрачна е и пораката што се праќа кон околината.

За жал, ваквиот чин ги минира и ги доведува во прашање и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. На овој начин се задушуваат и така сé помалубројните и сé потивки гласови на разумот на двете страни и се рушат и последните надежи за пристоен дијалог.

Уште потажно е и тоа што е злоупотребена културата, еден од ретките мостови меѓу двата народа, оценува Драги Ѓоргиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораката од Битола е признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ, вели Петковски

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

За добрососедство Бугарија ги воскресна фашизмот и Ванчо Мијхалов во Македонија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок сончево и многу топло со температури околу 40 степени

Редакција

Последна шанса за да се спасат односите меѓу Македонија и Бугарија, да знаеме на што сме, не може повеќе вака, вели Османи

Редакција

Во Македонија „протнати“ генетски модифициран ориз и соини шницли

Редакција