еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пораката од Битола е признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ, вели Петковски

Со реакција за отварањето на клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола на Фејсбук се огласи и лидерот на НСДП, Тито Петковски.

“И на најголемите оптимисти веќе им станува јасно дека по реинкарнацијата на фашизмот од страна на бугарскиот државен врв во Битола, Македонија нема да влезе во ЕУ. Може, ама не како Македонци со македонски јазик и не како антифашисти во Втората светска војна.

Бугарија отворено ја уништува нашата и иднината на нашите деца. Подготвен сум да тврдам дека Бугарија води отворена економска војна со Македонија. Од изминатите 16 години откако добивме кандидатски статус, само од првата бугарска блокада до денес, Македонија изгуби над 250 милиони европски пари, по разни основи, кои можеше да се вградат во нашиот развој.

Мора конечно да сватиме дека државата е соочена со многу моќен непријател, згора и членка на ЕУ.

Како не сфаќаме дека пораката од Битола е јасна и недводмислена, признајте дека сте Бугари, па ќе ви дозволиме да почнете преговори со ЕУ. Тие сакаат да преговараме за тоа дали постојат Македонци и македонски јазик. И воопшто не треба да чекаме да поминат шесте месеци ветени од новиот бугарски премиер. Проблемот може да се реши уште утре, доколку признаеме дека нема Македонци и македонски јазик.

Навистина не ми е јасно, што уште треба да направиме за да ги почнеме преговорите со ЕУ, со некој кој отворено ти вика дека не постоиш?

Овде не станува збор за некакви европски стандарди, туку класично изживување на земја членка на ЕУ врз друга земја што сака да стане членка на ЕУ.

Зарем се она што ни се случува деновиве не е доволен силен аларм за будење на партиите од безскрупулозната борба за власт.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да престанат со меѓусебните обвинувања за бугарското вето да седнат како одговорни партии (доколку тоа воопшто се) и да дефинираат државна стратегија како да излеземе од овој ќор сокак, па макар ги прекинале преговорите и се откажале од членство во ЕУ.

Одлуката за стратешките прашања мора да ја донесат заеднички партиите од власта и опозицијата.

Многу е неодговорно, како политички така и човечки, бугарското вето да биде тема со која ќе се добива или губи власта“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За добрососедство Бугарија ги воскресна фашизмот и Ванчо Мијхалов во Македонија

Пендаровски: Именувањето установи според докажан соработник на фашистичкиот режим не служи на добрососедството

„Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен“, проф. Дескоски за отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Фото: Фејсбук/Петковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева: Во РС Македонија не го почитуваат правото на самоопределување на граѓаните со бугарска самосвест

Редакција

Што пишува во биографијата на Сашо Тасевски, новиот директор на БЈБ

Редакција

(Видео) Братот на Груби купил деловен објект на улицата Македонија вреден половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција