еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Братот на Груби купил деловен објект на улицата Македонија вреден половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Денес продолжуваме со откривање детали за бизнис империјата на семејството Груби, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се наоѓаме на улица Македонија, една од најфреквентните улици во Скопје, во чија близина се голем број на институции и трговски центри. Токму зад мене се наоѓа најновата инвестиција на семејството Груби, голем деловен простор, купен во време додека Артан Груби е вицепремиер од страна на неговиот брат.

Овој деловен простор е со површина од 127 м2, и според катастарската евиденција е сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби.

Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра.

Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание?

Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции.

ДКСК и ЈО да не чекаат и да отворат постапка за бизнис империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна.

Утре продолжуваме со објавување на нови детали, и дилеми кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи, изјави Лефков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за семејниот бизнис се лаги и без факти, вели Груби

(Видео) Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 16.000 наши државјани живеат во италијанските региони каде има изолација поради коронавирусот

Редакција

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од 5-годишна возраст, задолжителен за сите со наполнети 6 години: Ова се најновите правила

Редакција

Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата по Петар, објавен телефонски број на кој може да се јават

Редакција