еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Објектите да се проверат дали се подготвени за грејната сезона, повикуваат од ЕСМ

ЕСМ ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.

„Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1 ви октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12оС според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување

Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија,“ се вели во соопштението.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на ЕСМ Снабдување со топлина на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стапката на смртност од корона вирусот кај нас е 4,1 проценти, а во светот 6,2

Редакција

865 нови случаи на Ковид-19 од 2.889 тестирања, во Скопје 330

Редакција

Обвинение за Јово Вангеловски за злоупотреба на службената положба

Редакција