еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за Јово Вангеловски за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој го сторил кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 30.11.2018 година во својство на службено лице – претседател на Врховниот суд на Република Македонија, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 проценти од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

Притоа, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел Решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинетиот, посочуваат од ОЈО, постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подобро е заедно, но Албанија има право да бара издвојување од Македонија на патот кон ЕУ, вели Османи

Редакција

Поранешниот министер Сали незнаел дека Клиниката за онкологија располага со Като систем

Редакција

Каков имот пријавила разрешената судијка Татјана Михајлова

Редакција