еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила разрешената судијка Татјана Михајлова

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова, судија од Основниот кривичен суд Скопје поради како што наведоа од таму – нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е разрешената судијката Татјана Михајлова

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова поради злоупотреба на АКМИС системот

Каков имот пријавила

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување на корупција кога станала судија во Основен суд Скопје 1.

На име на сопругот пријавила куќа од 69 метри квадратни во Скопје, од наследство, а на име на родителите, два стана, едниот во Струга, а другиот во Скопје.

На свое име пријавила деловен простор од 15 метри квадратни во Скопје, како и стан од 40 метри квадратни, исто во Скопје.

На име на сопругот пријавила и две возила, а на свое име и два кредити, едниот од 10 илјади евра, кој треба да го исплати во 2022 година, а другиот во 2028 година, но не ја навела неговата сума.

Целиот нејзин анкетен лист ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ долго време чувствувал психолошки проблеми по депортацијата од Австралија

Редакција

„Тепачка“ за акции од Комерцијална банка на Македонската берза

Редакција

(Видео) Најдоброто од отварањето на карневалот во Рио де Женеиро: Секси танчерки ги преплавија улиците

Редакција