еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стапката на смртност од корона вирусот кај нас е 4,1 проценти, а во светот 6,2

Заклучно со вчера има 828 случаи на заболени од корона вирусот, што е стапка на заболување од 40,3 на 100.000 жители и во однос на Европа е се уште ниска стапката на заболување, изјави денеска епидемиологот Владимир Микиќ.

Кај нас, вкупната бројка на смртни случаи асоцирани со корона вирусот е 34, односно 4,1 процент од заболените, а стапката на смртност во светот е од 6,2 проценти.

Во светот досега, како што соопшти епидемилогот, заболени се 1,7 милиони од корона вирусот, повеќе од половина милион се во САД, 160 илјади во Шпанија, 150 илјади во Италија и 90 илјади во Франција.

На 100.000 жители, најмногу заболени има во Дебар – 176, а следен град со повеќе од 100 заболени на 100.000 жители е Куманово – 140. Во другите градови, таа бројка е под сто заболени.

Во овој момент не треба масовно тестирање, вели тој и по препораки на Светската здравствена организација (СЗО) се тестираат само симптоматските случаи.

Епидемиологот Жарко Караџовски објасни дека од 100 заболени 80 се со лесна клиничка слика, поминуваат без тешкотии и не се свесни дека ја имаат болеста и тие најмногу ја шират болеста.

Од тие 100, 13 до 15 проценти се со воспаление на белите дробови и имаат други потешкотии. 4,5 проценти од тие 100 се со тешка клиничка слика, односно поголем процент се на респиратори. И од тие 100 од 0,7 до 2,4 проценти завршуваат смртно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Животот во некаква нормала би се вратил на почетокот или средината на мај

За велигденските празници, најверојатно полициски час ќе има и во понеделник на 20 април

Вкупно 828 заразени од корона вирусот: Рекордни 68 нови случаи, најмногу во Скопје, Куманово и Прилеп

(Мапа) Кумулативната инциденца во Куманово над 127, расте и во Штип и Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгица Ѓавочанова на местото на Заев во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата

Редакција

Петмина го киднапирале од патарина и го тепале за да им препише сопственост врз „Масерати“

Редакција

20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани

Редакција