еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Дрин Ахмети, син на братот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети е топ тема во јавноста откако самиот соопшти дека неговата фирма “Торх индустрис“ е еден од купувачите на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Тој за без пари ќе поседува 39 отсто од „Соравиа Инвест“, а 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра

Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека Јавното обвинителство може да отвори постапка за проверка на финансиските текови на младиот Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има можност за проверка на финансиските текови за продажбата на “Соравиа“, смета Спасовски

Од Јавното обвинителство по констатацијата на Спасовски, наместо да отворат истрага по допрен глас, ги повикаа другите институции да поднесат пријави за внукот на Ахмети

-Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) постапат и достават известување или пријава, Обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности.

Инструментот на допрен глас се користи доколку во конкретниот случај постојат сериозни индиции или наводи за сторен криминал или кога органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности, информираа од Обвинителството.

Истрага може да отвори и Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, со кое од пред неколку месеци раководи Ислам Абази, за кого медиумите објавија дека не е само близок со семејството на Ахмети, туку и со многу други актуелни и сегашни функционери на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абази случајно го сретнал Бејта на планина, а фотографијата со братот на Ахмети била од свадба

Беше објавена и семејна фотографија на Абази со Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети.

Абази пак тврдеше дека никогаш не бил член на политичка партија и дека не е поврзан со ДУИ, но фотографиите кои се појавија во јавноста го поврзаа со партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

Фото: МИА/Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хорор во Црна Гора: 34-годишен маж убил најмалку 11 лица помеѓу кои и деца, а потоа бил застрелан

Редакција

Нови предлог-мерки: Забрана за организирање на настани, скратување на работното време до 23 часот и редуциран капацитет во јавниот превоз

Редакција

Рекордни нови 934 случаи на Ковид-19, во Скопје дури 420

Редакција