Дрин Ахмети, внук од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети е во фокусот на јавноста откако беше соопштено дека неговата фирма “Торх индустрис“ е еден од купувачите на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внукот на Ахмети, Дрин Ахмети хит на Твитер
Тој за без пари, како што информираше самиот вчера на прес-конференција ќе поседува 39 отсто од „Соравиа Инвест“, а 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Внукот на Ахмети ќе поседува 39% од „Соравиа„ за без пари
„Соравиа“ со долг од 20 милиони евра, остана тајна за колку се продаде
Кој е Дрин Ахмети
Првата информација на Гугл за младиот Ахмети, кој има 24 години е неговиот профил на „Линкд ин“.
Според информациите кои ги споделил овде образование стекнувал во земјава и странство.
Во Македонија студирал на приватниот Американ колеџ во Скопје, истовремено и во Италија на државниот Tor Vergata, а во Северна Каролина во САД бил на постдипломски студии на приватниот универзитет – Duke.
Учел за финансии, банкарство, бизнис-менаџмент, инженерство на нафта и гас…
Како што соопшти вчера веќе на 19 години, паралелно додека студирал веќе водел бизнис, па затоа и толку брзо напредувал во кариерата.
Освен во “Торх индустрис“ тој се јавува како сопственик и косопственик и во фирмите „Еверест ЏД“, „Потам-плант“ (преку Еверст ЏД) и „Хелиос плант“. Првата е од областа на градежништвото, а другите две се занимаваат со производство на струја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра
Фото: МИА