еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Внукот на Ахмети ќе поседува 39% од „Соравиа„ за без пари

На прес-конференција внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, кој има 24 години и зборуваше на англиски јазик, откри дека неговата фирма „Торх индустрис“ во бизнис центарот „Соравиа„ по неговата продажба ќе поседува 39%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Соравиа“ со долг од 20 милиони евра, остана тајна за колку се продаде

Станува збор за купување „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.

Тој ќе поседува 39 отсто од „Соравиа Инвест“, а 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“.

И покрај инсистирањето на новинарите да каже точно колку пари ќе даде неговата фирма за купувањето на овој удел, тој не кажа износ, туку објаснуваше дека е преземен долг од 20 милиони евра и е земена кредитна линија од 6 милиони евра, благодарение на албанскиот сопственик на компанијатата „Пе-вла-ку“, Владимир Пјетерѓокај, кој е вториот купувач и ќе поседува 51% во „Соравиа„.

„Јас ќе го водам деловниот објект „Соравиа“ и затоа добивам 39 отсто“, рече тој.

Пјетерѓокај е пак акционер во Крединс Банк, која го дала кредитот.

На прашањето на новинарите од каде се познаваат двајцата, Пјетерѓокај одговори дека со Дрин се познавале веќе четири години и дека тој е дел од Управниот одбор на негова фирма во Италија.

На прашањето пак дали смета на „врски“ во Македонија со оглед на тоа што станува збор за внук на Ахмети, тој одговори дека најдобар доказ за тоа дека ниту очекува, ниту дека имал таква помош, е неговото досегашно учество на тендери за јавни набавки во земјава каде што иако давал подобри понуди во цена, не ги добил тендерите.

Новинарите го праша и младиот Ахмети зошто незнае македонски јазик, каде живеел и работел и од кога се занимава со бизнис, а истото тој го оцени како „приватно прашање“.

„Живеам во Македонија. Многу луѓе, особено луѓето со кои работам зборуваат англиски јазик. Имам 85 проценти од вработените, кои се етнички Македонци, и тие говорат англиски јазик. Не гледам проблем во тоа. Мислам дека младите луѓе не ги засега оваа тема. Учат албански, учат јазици ако им помагаат во кариерата“, рече Дрин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едниот внук на Ахмети станал дипломат, другиот го купува бизнис центарот „Соравиа„

Внукот на Ахмети има 4 фирми

Фото/видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирани нови 70 армиски подофицери, Шекеринска најави ново вооружување, од 2024 година и набавка на хеликоптери

Редакција

Фљорин Бесими не е повеќе пратеник, Собранието ја констатира неговата оставката

Редакција

ХПВ вакцината ќе може да ја примаат и момчињата

Редакција