еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

ХПВ вакцината ќе може да ја примаат и момчињата

Покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината во Македонија ќе биде достапна и за момчињата.

Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност, а истата обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии.

Како што информираше националната координаторка за имунизација, Александра Грозданова целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени, бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.

„Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е карциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином.

Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот,“ рече проф. Грозданова.

Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми.

Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентна вакцина.

Деветвалентните ХПВ вакцини ќе бидат достапни од следниот месец во сите вакцинални пунктови во државата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Да се радуваме на животот: Малиот Онур го победи карциномот

Редакција

Собранието ќе ги избере техничката влада, новиот собраниски спикер и новиот пратеник од 22 до 28. јануари

Редакција

Започнат е процесот на консултации во ЕУ за францускиот предлог, откри Османи

Редакција