еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието ќе ги избере техничката влада, новиот собраниски спикер и новиот пратеник од 22 до 28. јануари

Од 22 до 28. јануари Собранието ќе ги констатира оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Парламентот, Талат Џафери, информираат од Собранието по одржаната прва координација годинава на шефовите на пратеничките групи со Џафери.

За оставката на премиерот ќе биде информиран шефот на државата Стево Пендаровски, кој ќе треба да го додели мандатот за технички премиер, кој според договорот помеѓу владините партнери СДСМ и ДУИ, треба да биде Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер

Нов претседател на Собранието ќе биде актуелниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јован Митрески, кој ќе го замени Талат Џафери

По ова ќе следи избор на техничката влада, односно министри, заменици министри и дополнителни заменици министри. Таа недела ќе треба да се констатира и престанок на мандат на пратеник, во случајов на Џафери и верификација на мандат на нов пратеник од Петата изборна единица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муса Ибраими, нов пратеник во Собранието, на местото на Талат Џафери

Од Собранието информираат дека до крајот на мандатот на актуелниот собраниски состав ќе нема седница за пратенички прашања. Првата седница за пратенички прашања новиот парламентарен состав ќе ја одржи по 100 дена мандат на новата владата избрана на парламентарните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер од 28. јануари

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој ќе биде нов претседател на Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гранит склучи договор со Јавното претпријатие за државни патишта вреден 598,3 милиони денари

Редакција

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

Редакција

Русија ги враќа визите за неколку категории граѓани на ЕУ и други европски земји

Редакција