еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој ќе биде нов претседател на Собранието

Нов претседател на македонското Собрание ќе биде пратеникот и кординатор на пратеничката група на владејачката СДСМ, Јован Митрески.

Тој на оваа функција ќе биде само 100 дена пред престојните парламентарни избори, кои се закажани за 8. мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, на местото на Џафери

Доаѓа на местото на Талат Џафери, кадар на владејачката ДУИ и актуелен претседател, кој пак ќе биде 100 дена технички премиер.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Митрески, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јован Митрески, кој ќе го замени Талат Џафери

Каков имот пријавил

На свое име пријавил само возило Сузуки гранд витара.

На име на родителите пријавил две куќи во Струга, кои се од наследство.

На нивно име пријавил и земјиште и лозје, исто така во Струга.

Неговата сопруга пак има две возила, Лада нива и Форд мондео. На нејзино име пријавил и денарски депозит од 420 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер од 28. јануари

Кој е Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер

Фото: Фејсбук/Митрески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирил Петков сослушан за приведувањето на Бојко Борисов

Редакција

Јужното овошје и дел од зеленчукот треба да поевтинат, намалена е царината и зголемени квотите за увоз

Редакција

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Редакција