еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Јован Митрески, кој ќе го замени Талат Џафери

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески ќе го замени актуелниот претседател на македонското Собрание, Талат Џафери, кој ќе стане технички премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, на местото на Џафери

Митрески на оваа функција ќе биде 100 дена, како и Џафери.

Неговата номинација за оваа функција беше едногласно изгласана на синоќешната седница на Извршниот одбор на СДСМ.

-Чест ми е, голема е честа, но уште поголема е одговорноста која што доаѓа со таква, исклучително важна државничка позиција. Благодарен сум на укажаната доверба од страна на раководството на СДСМ.

Како и досега, максимално посветено и одговорно ќе работам за интересот на граѓаните, државата, угледот и дигнитетот на македонското Собрание, напиша тој на Фејсбук по номинацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Јован Митрески, кој ќе биде нов претседател на Собранието

Кој е Митрески

Роден е во ноември 1980 година во Струга.

Тој е дипломиран економист, а дипломирал на Економскиот факултет, Универзитет Св. Климент Охридски во Прилеп.

Политичка кариера

Тој е коридинатор на пратеничката група на СДСМ, а оваа му е втор мандат како пратеник. Претходно беше пратеник во периодот од 2016 до 2020 година.

Тој е заменик-претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, заменик-член во Комисијата за економски прашања, член на Буџетски совет на Собранието, заменик-член во Комисијата за финансирање и буџет и заменик-член во Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер од 28. јануари

Кој е Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Заев дојде со план да не се постигне договор за да си го заштити криминалот

Редакција

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Редакција

Дали е доволно добар францускиот предлог засега ќе се воздржам да коментирам, сакам да помине еден поширок круг на консултации, вели Пендаровски

Редакција