еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Кирил Петков сослушан за приведувањето на Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во видео порака лиферувана од прес-службата на бугарската Влада, изјави дека апсењата на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов, и Пи-арот на Борисов, Севдалина Арнаудова, покажуваат дека никој не е над законот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во пораката кажува дека Европското обвинителство во моментов ја истражува злоупотребата на европските фондови и средства. Но, тој запраша каде е бугарското Обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ.

-Мојата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да дејствуваат во согласност со нивните законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината! Само без страв од недопирливите Бугарија може навистина да се промени, додаде Петков.

Бугарскиот премиер потврди дека вчера бил сослушан во Националната полиција поради што беше одложена владината седница.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев од Стара Загора каде што е во посета коментираше дека не се меша во работата на органите на прогонот, но правдата нема да надвладее додека судот не донесе одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тензии во бугарскиот Парламент по приведувањето на Бојко Борисов

Видео од приведувањето на Бојко Борисов

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка од Гостивар малолетните деца ги врзувала со самолеплива лента и ги оставала така со часови

Редакција

„Виз ер“ денеска нуди попуст на летовите од 25%

Редакција

Пет барања за одземање на праетничкиот имунитет на Груевски

Редакција