еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ денеска нуди попуст на летовите од 25%

„Виз ер“, се придружува на „Црн петок“ со попуст до 25% на летовите за членовите на WIZZ Discount Club и до 20% за сите патници, информираат од таму.

Промоцијата е активна од полноќ до 23:59 часот по средноевропско време на 24. ноември.

Без разлика дали бараат божиќни понуди во последен момент или почнуваат да прават планови за следната година, патниците можат да планираат патување по прифатлива цена до 15. март 2024 година и да ги искористат предностите на промоцијата wizzair.com или преку WIZZ мобилната апликација.

Патниците можат да уживаат во неодоливи цени на летови од Скопје до Рим, Осло, Стокхолм, Меминген (цени од дури 9,99 евра), Милано, Болоња, Копенхаген, Венеција, Братислава (од 14,99 евра), Бремен и Лондон (од 19,99 евра); како и од Охрид до Меминген (од 14,99 евра) и Дортмунд (од 19,99 евра).

Но, тоа не е сè што „Виз ер“ има подготвено за патниците на Black Friday: авиокомпанијата нуди 20% попуст при изборот на седишта и 20% поврат во кредити за членовите на WIZZ Discount Club Light кога ќе преминат на стандардниот план. Уште едно изненадување ги очекува патниците од летовите што се реализираат од 24 до 26. ноември: 20% попуст на артиклите во бутикот исклучиво за членовите на WIZZ Discount Club.

За да бидат целосно подготвени за претстојното патување, патниците можат да уживаат во специјални понуди за сместување во хотел и услуги за изнајмување автомобили преку партнерите на „Виз ер“. Кога прават резервација преку партнерите на „Виз ер“, патниците добиваат 5% од вредноста на нивната резервација како кредит на „Виз ер“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се предлозите за нови заменици-министри

Редакција

Македонски телеком: Македонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми

Редакција

Инспекторатите работат со 50% намален кадровски капацитет, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија

Редакција