еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Видео од приведувањето на Бојко Борисов

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов синоќа во полициски автомобил го напушти својот дом во градот Банкаја, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој беше изваден од полицаец и беше предаден на Националната полициска служба на Бугарија.

Сите пратеници на ГЕРБ, поранешни министри и поддржувачи се собраа пред куќата на Борисов и се упатија кон местото каде што беше испорачан поранешниот премиер на Бугарија.

Вицепремиерот на ГЕРБ, Тома Биков ги повика симпатизерите на нивната партија да дојдат на протест во Софија.

Речиси три часа траеше претресот во домот на Бојко Борисов. Приведувањето е извршено во рамките на специјалната операција за злоупотреба на европските фондови, објавија локалните медиуми.

Меѓу приведените е и поранешниот бугарски министер за финансии, Владислав Горанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МВР ја избриша веста за апсењето на Борисов

Приведен Бојко Борисов

Фото: Борисов/Фејсбук/видео: Novini.bg/КуриоZzZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за демократија: Релативно ниско ниво на квалитет на дебата во Собранието во последните две години

Редакција

(Видео) 77-годишен човек во Бугарија почина додека чекал ред да купи масло за јадење во редица долга 600 метри

Редакција

37 се реинфекција: 223 нови случаи на Ковид-19 од 2.365 тестови

Редакција