еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Соравиа“ со долг од 20 милиони евра, остана тајна за колку се продаде

Новите сопственици на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“, на денешната прес-конференција не открија колку чини зделката, но кажаа дека центарот должи 20 милиони евра.

Купувачи како што е познато се внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, сопственик на фирмата „Торх индустрис“ и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

Тие соопштија дека фирмата на 24-годишниот Ахмети ќе поседува 39%, а неговиот албански партнер 51%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Внукот на Ахмети ќе поседува 39% од „Соравиа„ за без пари

Остатокот од 10% останува во рацете на сега веќе поранешниот сопственик Хано Соравиа.

-Ова е приказната. Компанијата има долгови од 20 милиони евра, претежно кон финансиски институции, а кои ние ги преземаме, обезбедувајќи шест милиони евра кредит од кои три милиони евра се веќе активирани за да се промени иднинатата на компанијата и да ја направиме профитабилна, рече младиот Ахмети, кој не го откри износот на купопродажниот договор поради „доверливоста на процедурите“.

Австрискиот бизнисмен Хано Соравиа, исто така посочи дека износот на договорот е од доверлив карактер и потврди дека со купопродажбата тој ќе има 10 отсто удел во компанијата. Појасни дека долгот од 20 милиони евра се дел од кредитите со коишто го купи бизнис центарот од државата.

Проценките на познавачите се дека „Соравиа„ вреди најмалку 31 милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едниот внук на Ахмети станал дипломат, другиот го купува бизнис центарот „Соравиа„

Внукот на Ахмети има 4 фирми

Фото: Соравиа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се 10. општини во кои се избрани градоначалници во првиот круг

Редакција

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува непроменета

Редакција

Стевчо Јакимовски обвинет за злоупотреби и бесправно градење додека бил градоначалник

Редакција