еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Едниот внук на Ахмети станал дипломат, другиот го купува бизнис центарот „Соравиа„, објави Телма

Телевизијата Телма објави дека братот на Дрин Ахмети, чија фирма е една од купувачите на бизнис центарот “Соравиа“ во Скопје, Бесиан Ахмети, во мај годинава во македонската Амбасада во Брисел станал прв секретар на Амбасадата за да привлекува странски инвестиции од Бенелукс.

Тие се деца на брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Една од фирмите која го купува бизнис центарот „Соравиа“ е на внукот на Ахмети

Како што објави телевизијата Бесиан Ахмети бил избран на интерен оглас на 24.март.

На првата дипломатска задача, тројната посета на претседателот Стево Пендаровски, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, според информациите на Телма, имал неколку грешки и пропусти при активностите, но се обидувал да ја префрли и одговорноста и обврските на други.

Според телевизијата интересно е што за ова место во Амбасадата во Брисел, потребата била утврдена лани во јули од сопартиецот на Ахмети, министерот за економија Бектеши. Неколку месеци претходно Бесиан Ахмети, во средината на мај бил вработен во министерството како помлад соработник, за една година подоцна успешно да стане дипломат и прв секретар на амбасадата во Брисел.

Одлуката ја потврдила и владата и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: Внукот на Ахмети има 4 фирми

Каков имот пријавил Али Ахмети

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопските општини кои имаа најмногу заболени од корона вирусот, „паднаа“ под 200 активни случаи

Редакција

Ајро и Бубевски: Ги отфрламе како невистинити сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за „Труст“

Редакција

Ковачевски очекува функционерите на Демократски сојуз да си поднесат оставка, одлуката на партијата немало да го разниша мнозинството

Редакција