еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра, објави „360 степени„

Фирмата на Дрин Ахмети, внукот од брат на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети„ “Торх индустрис“ во бизнис центарот „Соравиа„ во Скопје ќе поседува 39%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Ахмети, Дрин Ахмети хит на Твитер

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Станува збор за купување на „Соравиа Инвест ДООЕЛ“ и „Соравиа Менаџмент’“ ДООЕЛ, во чија сопственост е бизнис центарот „Соравиа“.

Тој ќе поседува 39 отсто од „Соравиа Инвест“, а 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Внукот на Ахмети ќе поседува 39% од „Соравиа„ за без пари

„Соравиа“ со долг од 20 милиони евра, остана тајна за колку се продаде

На вчерашната прес-конференција тој не откри колку ќе чини зделката, туку дека неговиот албански партнер ќе отплаќа долг од 20 милиони евра на „Соравиа„, а познавачите пак велат дека станува збор за најмалку 31 милион евра.

А тој пак уделите ги добива за без пари.

Порталот „360 степени“ објави дека во 2022 година, неговата фирма имала вкупни приходи од околу 370.000 евра и нето-профит од околу 60.000 евра, а претходната 2021 година, имала 0 приходи, а околу 70.000 евра расходи.

-Во годината на основањето, пак, нема ниту приходи ниту расходи, пишува порталот.

Младиот Ахмети, пак, се јавува како сопственик и во други фирми: „Еверест ЏД“, „Потам-плант“ (преку Еверст ЏД) и „Хелиос плант“.

“„Еверест ЏД“ е фирма од Кичево формирана во 2005 година. Во моментов е во целосна сопственост на Дрин Ахмети. Според јавно достапните регистри, оваа фирма добила концесија за експлоатација на варовник во 2006 година, кога била раководена од друго лице.

Компанијата „Еверест ЏД“, пак, е единствен сопственик на „Потам-плант“, компанија формирана во 2019 година со дејност – производство на електрична енергија.

„Хелиос плант“ е исто така компанија за производство на електрична енергија и постои од 2018 година. Таму е еден од вкупно тројца сопственици. Покрај него, капиталот го дели со Бесиан Ахмети и со Шкумбин Ахмети (син на Али Ахмети), пишува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едниот внук на Ахмети станал дипломат, другиот го купува бизнис центарот „Соравиа„,

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тестовите за корона вирусот кај двајцата странци се негативни

Редакција

Нови 183 случаи со Ковид-19 од 1.769 тестирања: Најмногу во Скопје, Прилеп и Тетово

Редакција

Во пожарот во Буши повредени 70 лица, деветмина завршиле во болница, а настрадале и тројца пожарникари

Редакција