еМагазин
Image default
Локално

Поради сообраќајка сообраќајот во тунелот кај Катланово се одвива по една коловозна лента

Сообраќајот на патниот правец Велес – Скопје е нормализиран, само во тунелот кај Катланово се одвива по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, попладнево беше целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода. Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје.

Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.

Според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Моторџија почина по удар во камион во тунелот кај Катланово, едно лице пренесено во болница

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во домот на скопјанец откриена „мини-плантажа“ со марихуана

Редакција

Најдено безживотно женско лице кај тетовскиот трговски центар

Редакција

Активни пет пожари низ Македонија

Редакција