еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев со писмо до ЕУ: Загрижен е за лобирањата за Македонија, резолуцијата на германскиот Бундестаг, извештајот на ЕУ за земјава

Бугарскиот претседател Румен Радев испратил писмо до европските лидери и институции, во кое, меѓудругото се жали на однесувањето на ЕУ спрема европските аспирации на Македонија, како и лобирањето на Скопје во Брисел, пренесуваат бугарските медиуми.

Во писмото Радев ја споменува и усвоената резолуција на германскиот Бундестаг при што го критикува ставот во резолуцијата со кој се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на Македонија во ЕУ и дека македонските власти не исполнувале ништо од она што било договорено со усвојувањето на преговарачката рамка лани во јули.

Радев изразува загриженост дека и други земји имаат намера да донесат слични резолуции за македонскиот јазик и идентитет како онаа на германскиот Бундестаг.

Според Радев, вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија бил „само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство“ и тоа “не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија“.

„Наместо да работи на исполнување на условите, Скопје повторно се залага за активно лобирање за прикривање на недостигот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство.

Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат ‘црни списоци’ за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница… Оваа атмосфера во голема мера го попречува развојот на трговските, економските и културните врски меѓу двете земји“, се вели во писмото.

Радев се жали и дека македонската дипломатија и властите лобирале при изготвувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел вели дека за Македонија нема пречки за приклучување во ЕУ, билатералните прашања немало да го одредат процесот на приклучувањето

Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Редакција

Познати причините за смртта на Вања и Панче, нема да бидат објавени јавно

Редакција

Државна ревизија: Зградата и земјиштето на Собранието без имотен лист

Редакција