еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Државна ревизија: Зградата и земјиштето на Собранието без имотен лист

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска на својата на веб-страницата ги објави ревизорските извештаи за Собранието, поточно три сметки.

Од ДЗР информираат дека за ревизорскиот извештај на Собранието, сметката за буџет на донација – Програма за поддршка на Парламентот (785- 60) изразиле мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Наведуваат дека не се добиени забелешки на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор.

За ревизорскиот извештај на Собранието, сметка на основен буџет (637), утврдено е дека Собранието не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој е сместено и ги извршува своите функции и воспоставена е делумна сметководствена евиденција за книгите со кои располага Собранието.

Меѓу клучните препораки е да продолжат активностите за запишување на правото на сопственост/
користење на имотот со кој располага Собранието и се препорачува целосна евиденција на книгите.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека клучни системски слабости се доуредување на регулативата во однос на: основицата за плата на избрани и именувани лица, ангажманот на надворешни соработници, отсуствата на пратеници и надоместокот на трошоци за патарини.

Со ревизорскиот извештај на Собранието, сметката за буџет на донација од Швајцарска Конфедерација (785-40), нема утврдено препораки и системски слабости, а изразено е мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Не се добиени забелешки на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор.

Rевизорските извештаи од трите сметки се достапни на следниве линкови: dzr.mk, dzr.mk, dzr.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на „Неметали Огражден“

Редакција

Штрајкот продолжува: СОНК не чувствува одговорност за прекинот на воспитно-образовниот процес

Редакција

Вучиќ и Курти не се договорија во Брисел, дијалогот ќе го продолжат во Македонија

Редакција