еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Во домот на скопјанец откриена „мини-плантажа“ со марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде Н.Б.(31) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ, информира МВР.

Имено, вчера (05.03.) врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба извршен е претрес на дом кај пријавениот во Скопје.

При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла Cannabis, 1 килограм и 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 ml хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 ml хашиш-смола, неколку семки Cannabis и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин.

Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабараторија за одгледување и производство на растенија кои припаѓаат на растителниот род Cannabis и производство на уље од Канабис (сијалици HPS, вентилатори, екстрактор за производство на уље од Cannabis, апарат за вакумирање, лед сијалици, термометри и тајмери, импровизирани сушари, апарат за навлажнување на воздух, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).

Фото/Видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катастрофа среде трка на Водно: Со автомобил удрил во две лица и во ѕид

Редакција

Кривична пријава против двајца кумановци: Во казино играле со фалсификувани евра

Редакција

Во недела во Парк – осма традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Редакција