Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција излажа уште на првото јавно појавување.
Неколку часа по изјавата дека нема лични контакти со соселанецот Али Ахмети, лидерот на ДУИ, но и со други функционери на партијата, во медиумите на албански јазик беа објавени неколку фотографии од приватни средби на Абази со функционери на ДУИ, кои потоа завршија во македонските медиуми и на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Абази вели оти немал лични контакти со соселанецот Ахмети и други кадри на ДУИ
На една од фотографиите, Абази е со поранешниот градоначалник на Гостивар и долгогодишен член на ДУИ, Невзат Бејта.
На друга е во лов на диви свињи со обвинителот од скопското Вишо јавно обвинителство, Дилавер Бектеши.
Бектеши е познат по случајот со двајцата поранешни функционери на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, осудени на казна затвор од три и пол години за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година, за да во Чаир победи ДУИ. Тој во текот на постапката одлучи на двајцата да им се вратат пасошите.
На друга е сликан во опуштена атмосфера со братот на Ахмети, Фикри Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска
Фото: МИА/Фејсбук