еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Кавга на Арсовска и Славевски во Советот на Град Скопје заврши со полиција

Нова расправија помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски прекина седница за советнички прашања на Советот на градот.

Расправијата се случи откако Славевски го зеде микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса, откако службите не му го вратија копчето со кое може да го вклучува и исклучува микрофонот на говорницата во салата и тој го повика Инспекторатот за локална самопурава да интервенира.

По ова Арсовска излезе на говорницата каде немаше микрофон, а Славевски даде 15 минути пауза поради „неовластено користење опрема“.

.„Вие крадете, тој микрофон е во сопственост на Градот Скопје и на службите“, рече Арсовска додека Славевски стоеше пред неа на говорницата прашувајќи: „Каде е украден микрофонот?“.

На крај седницата беше презакажана, а Арсовска викна полиција и го пријави Славевски дека го украл микрофонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Славевски и го зеде микрофонот на Арсовска, таа нему копчето: Циркуз во Советот на Град Скопје

Фото/видео: Град Скопје/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Проект вреден 250 милиони евра: Како ќе изгледа новиот уникатен комплекс “Diamond Skopje” на Лимак холдинг

Редакција

Притвор за првоосомничениот во предметот „Синџир“, кој беше недостапен за полицијата

Редакција

Бети пак ќе носи Прада

Редакција