еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која САД ја стави на црната листа

Американското министерство за трговија вчера на црната листа ја стави македонската компанија Сајтрокс поради шпионски софтвер за следење.

Таа се најде на листа заедно со уште три компании од Грција, Унгарија и Ирска, кои се меѓусебно поврзани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД

Телевизијата Телма објави дека управител на Сајтрокс ДООЕЛ до лани во октомври бил македонскиот државјанин Иво Малинковски, кој е син на сопственикот на Микеи и Камник.

Според телевизијата во октомври лани од влошката на Сајтрокс е избришан Малинковски (бил управител и во менаџментот на фирмата од нејзиното основање на 27. март 2017 година) и како нов управител е впишана Јеновефа Моравкова, која не е од Македонија.

По осум месеци управување, како што објави Телма и Моравкова е избришана и на нејзино име како управителка е поставена Силвиа Јастрзебска, која исто така не од земјава..

Сајтрокс е регистриран за дејност компјутерско програмирање.

-Последните финансиски резултати се од времето кога Малинковски бил управител и пријавени се негативни финансиски биланси и за 2020 и за 2021 година. Во 2020 Сајтрокс имал над 1,5 милиони евра приход (над 93 милиони денари) и забележал загуба од околу 7,5 милиони денари (околу 125 илјади евра).

Последниот извештај предаден во Централниот регистар е од преклани и во 2021 година приходот на Сајтрокс е паднат за 86%, односно имал приход од околу 200 илјади евра, а остварила уште поголема загуба од 10,2 милиони денари, односно околу 165 илјади евра, објави Телма.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австрија нема разбирање за блокадата од Бугарија и апелира да ја тргне

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ во постојана борба со корона вирусот: Применети најновите трендови за лекување

Редакција

Македонската берза долгорочно ги суспендира „АрцелорМиттал“ и „Благој Тифанов“

Редакција