еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН: Светот да се подготви за поинтензивни топлотни бранови

Светот мора да се подготви за поинтензивни топлотни бранови, предупредија вчера од Обединетите нации, бидејќи северната хемисфера се приближува до максималните температури.

„Овие појави ќе продолжат да се интензивираат и светот мора да се подготви за поинтензивни топлотни бранови“, изјави Џон Наирн, експерт на Светската метеоролошка организација на ОН на прес-конференција во Женева.

Тој додаде дека феноменот Ел Нињо само ќе ја зголеми појавата и интензитетот на екстремните топлотни бранови.

Во Северна Америка, Азија, Северна Африка и во медитеранскиот басен, неколку дена оваа недела температурите ќе надминат 40 степени Целзиусови.

„Еден од значајните феномени што ги забележавме е дека бројот на симултани топлотни бранови на северната хемисфера се зголеми за шестпати од 1980-тите. Овој тренд не покажува знаци на намалување“, рече експертот.

Како што оцени, топлотните бранови ќе имаат сериозно влијание врз здравјето и животот на луѓето.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прогласена епидемија на морбили во Општина Струга

Редакција

Учениците на пролетен распуст од 29. април до 6. мај

Редакција

Топ 5 највисоки нето-плати во јули

Редакција