еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Клиниката „Жан Митрев“ во постојана борба со корона вирусот: Применети најновите трендови за лекување

Во услови на најтешка пандемија која му се случила на човештвото по Втората Светска Војна – Ковид -19, основна цел на нашата клиника е да придонесе за зачувување на здравјето обезбедувајќи најдобра медицинска нега за секој пациент и тоа преку интегрирана медицинска пракса, едукации и истражувања, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

„Ковид -19 пациентите се сериозен предизвик за третирање и лекување, бидејќи во моментов не постои целна терапија за излекување и третманот е главно супортивен. Кај пациентите кои развиваат тешка форма на респираторна слабост се развива синдром на воспаление кој е толку силен и проследен со ослободување на т.н. воспалителни медијатори кои доведуваат до повеќеорганска слабост и смрт.

Следејќи ги светските трендови во третман на најтешко болните пациенти на единиците за интензивна нега и лекување ние во клиничката болница „Жан Митрев“ повеќе години наназад успешно ја користиме методата на хемофилтрација на крвта со посебен високо абсорбтивен филтер (Oxiris).

Нашите успешни приказни поврзани со вено-венската хемодијафилтрација со Oxiris филтер беа презентирани на повеќе светски медицински конференции од највисок ранг  како и преку публикации во реномирани медицински списанија. Доказ за следење на највисоките медицински стандарди беше и официјалното признавање на Oxiris филтрацијата од страна на FDA во април 2020 година како дел од третманот на Ковид-19 пациентите.

Ширејќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на Ковид-19 пациентите започнавме со уште еден тип на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоабсорбција на цитокини и други воспалителни медијатори со CytoSorb филтер (одобрен од FDA за третман на критично болни пациенти со Ковид-19 инфекција).

Нашите првични искуства со користење на двете форми на прочистување на крвта се одлични и претставуваат поттик и надеж за излекување на најтешките пациенти кои се борат не само со корона инфекција туку и други форми на воспалителни заболувања како од бактериска така и од вирусна природа. Филтрацијата е спора, безбедна и вообичаено трае помеѓу 12 и 48 часа.

Во тој временски период пациентите се следат со најсофистициран електронски лабораториски систем за нивото на воспалителните маркери (IL 6, CRP, PCT итн) и соодветно на резултатите се продолжува или прекинува терапијата.

Единствениот ограничувачки фактор во нашата земја е што овие форми на третман и лекување не се признаени од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и користењето на истите како и продолжувањето на терапијата кога има подобрување е ограничено или оневозможено од финансиски причини.

Базирајќи се на одличните искуства, публикувани и признаени во светот, клиничката болница „Жан Митрев“ ќе продолжи да се залага за највисоки стандарди во негата и третман на најтешко болните пациенти следејќи го мотото  на Емануел Кант дека луѓето имаат достоинство, но не и цена! Човечкиот живот е бесценет!“, велат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Претреси во Идризово, пронајдени поголема сума пари, мобилни телефони, таблет….

Редакција

Антикорупциска отвори постапка за именувања во Армијата од страна на Иванов

Редакција

До 31 јануари нема поскапувања: Владата ги замрзна цените на лебот, брашното, маслото, млекото

Редакција