еМагазин
Image default
Бизнис

Вработените во Пошта загрижени од состојбата по пропаѓањето на „Еуростандард банка“: 2.300 вработени стравуваат за иднината

Синдикатот на Пошта изразува загриженост од состојбата во работењето на комапнијата, особено по прекинот на работењето на платниот промет во 330 поштенски единици, и бара итна средба со премиерот за изнаоѓање решение.

Претседателот на синдикатот на Пошта на Северна Македонија, Боро Велигденов, денеска на прес-конференција пред Владата ги наведе состојбите во претпријатието по почетокот на коронакризата која го намали внатрешниот и меѓународниот сообраќај, како и влијанието врз работењето со пропаѓањето на Еуростандард банката и прекинот на платниот промет во единиците на Поштата.

-Стечајот на Еуростандард банка сериозно го наруши работењето на Македонска пошта. Генерира на дневна основа сериозни загуби на финансиското работење со оневозможување на услугата во платниот промет во над 330. поштенски единици на територијата на целата држава.

Дополнитело, и прекинот на услугите во меѓународниот сообраќај и намалувањето на приходите во внатрешниот пазар изминатите шест месеци како последица од коронавирусот кај нас од 2.300 вработени влева сериозна загриженост и страв за иднината на компанијата, редовна исплата на плати и зачувување на своите работни места, изјави Велиденов.

Оцени дека неработењето на 330. единици на Пошта и статус кво состојбата со неработењето на платиот промет претставува директна закана за егзистенцијата на вработените, но и тоа дека  неработењето на поштенските филијали има влијание и врз граѓаните кои ги користат услугите.

Не смета дека има ризик од одење во стечај на фирмата, како и дека не се доведени во прашање исплатата на плати на вработените.

-Има огромен проблем кај над 100 илјади корисници кои ја користат пошта за исплата на пензија и социјална помош, рече Велигденов.

Според него, Владата како целосен сопственик на Пошта имајќи ја предвид сериозноста на состојбите има обрска да се заложи и да ја постави како приоритет и итно да донесе одлука за склучување договор со друга банка со цел овозможување платен промет во Пошта. Воедно да се заложи за стабилизација на компанијата со финансиска поддршка и покривање на загубите кои од ден на ден се се поголеми.

Тој побара итна средба со премиерот, најдоцна до истекот на наредната недела, за изноаѓање решение и овозможување платен промет во филијалите на Пошта.

Како што рече, има одредени преговори со некоја банка за договор за платен промет преку поштенските филијали, но немаат конкретни информации.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Асенчо Ценов се повлече од Управниот одбор на Жито лукс, Методи Пишев нов член

Редакција

„Улици и патишта“ Скопје во првите шест месеци со добивка од 6.6 милиони денари

Редакција

„Сава пензиско друштво“ лани со добивка од 1,3 милиони евра

Редакција