еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Нефи Усеини, советникот на ДУИ, кој останува во притвор

Советникот на ДУИ во Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим добија уште 30 дена притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Браќата Усеини добија уште 30 дена притвор, за да не избегаат

(ВИДЕО) Охрид СОС: Багерите на Нефи Усеини копат песок на крајбрежјето на Охридско езеро

Според одлуката на Основниот суд во Охрид, браќата Усени ќе останат во притвор со образложение дека таквата мерка се изрекува поради постоење можност за нивно бегство.

Браќата Усеини веќе осум дена се во притвор, поради постоење сомнение дека се сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал советник.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист како личен имот пријавил две куќи во Охрид, едната од 108 метри квадратни, проценета на 2 милиони денари, стекната со договор за купопродажба, а другата од 68 метри квадратни, проценета на 300 илјади денари, која е подарок.

Има стан во Струга од 56 метри квадратни, проценет на 610 илјади денари, стекнат со договор за купопродажба.

Вози ВВ Голф, Ауди А8 и Порше КМ.

Како личен имот пријавил и неколку парцели на земјиште во Охрид и Мислешово.

Не дал податок во чија сопственост се неколку други парцели на земјиште во Охрид, како и неколку недвижни имоти исто во Охрид.

Пријавил и подвижен имот од пет камиони и 10 багери, но не дал податок во чија сопственост се. Најверојатно се работи за подвижен имот во неговата спорна бетонска база.

Целиот негов имотен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

81-годишен дедо во Скопје допирал деветгодишно девојче

Редакција

(Видео) Трагедија кај Ниш: Воз удри во автобус со деца, се пребројуваат жртвите

Редакција

Тамара и евровизиската песна на „тапет“ на Твитер

Редакција