еМагазин
Image default
Македонија

„Мој термин“ ќе го користат паралелено старите и новите пациенти

Лицата, на кои им беа одложени интервенциите поради Ковид-19, ќе го користат системот „Мој термин“ заедно со новите пациенти. Термините ќе им се закажуваат согласно листата на чекање кај соодветен доктор и како што биле одложувани интервенциите, таква ќе биде и динамиката.

На клиниките за педијатрија, урологија, ортопедија, болницата Свети Еразмо и ГОБ „8 Септември“ овој процес ќе биде паралелен.

-Веќе се направени списоци пред сè во институциите каде што се собирани повеќе пациенти, со хронични заболувања, каде се одложуваа интервенциите и еден дел од капацитетите ќе им биде посветен на нив, согласно листата на чекање кај соодветниот доктор.

Тој ќе има обврска да направи еден дел за интервенциите само за овие пациенти, друг дел за новите, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој објасни дека сега малку подолго трае прегледот.

Тој истакна дека пациентот не треба да има придружба, или со него да биде максимум едно лице.

– Многу често се закажува амбулантата. Можам да кажам дека одлично искуство од почеток на неделата имаат на Клиниката за педијатрија, која имаше бројни консултации. Тоа веќе функционираше на Клиниката за урологија, ортопедија, болницата Свети Еразмо и 8 Септември.

Во овие здравствени установи процесот на интервенции на стари и нови пациенти ќе биде паралелен, појасни Филипче.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера трета доза примиле 69 граѓани, ревакцинирани вкупно 721.156 лица

Редакција

Починаа уште 26 лица од Ковид-19, двајца од нив вон болнички услови

Редакција

Доналд Туск со честитка и на македонски јазик за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција

Редакција