еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Браќата Усеини добија уште 30 дена притвор, за да не избегаат

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за продолжување на мерката притвор за Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим.

Според одлуката на Судот браќата Усени ќе останат во притвор уште 30 дена, со образложение дека таквата мерка се изрекува поради постоење можност за нивно бегство.

Браќата Усеини веќе осум дена се во притвор, поради постоење сомнение дека се сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

Тие по покренувањето на пријавата шест дена беа недостапни на органите на прогонот, по што сами се пријавија на органите на власта во Охрид.

Основниот суд во Охрид пред два дена го прифати предлогот на осомничените кои понудија 30 илјади евра како гаранција за излез од притвор, но таквта одлука вчера беше одбиена од Апелацискиот суд во Битола.

Советникот во Општина Охрид и восок функционер на ДУИ во Охрид, Нефи Уесини и неговиот брат Ибраим се товарат дека физички го нападнале и му се заканувале со оружје на лицето С.Т. од Охрид и неговиот малолетен син.

Додека траеше потрагата по Усеини, С.Т. го промени исказот посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно неправилно протолкувана изјава.

Против Нефи Усеини и во минатото се поднесувани пријави за сторени кривични дела „насилство“, „физички напад“, „узурпација на јавна површина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Охрид СОС: Багерите на Нефи Усеини копат песок на крајбрежјето на Охридско езеро

Охридското обвинителство поднесе обвинение против браќата Усеини, притворот продолжен

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со 24.000 дози од „АстраЗенека“ денеска во Македонија започнува масовната вакцинација против Ковид-19

Редакција

(Видео) Масовен протест со концерт за подршка на Палестина во Атина

Редакција

„Стандард енд пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед

Редакција