еМагазин
Image default
Локално

Двајца браќа приведени поради агресивност во тетовската болница

Двајца браќа биле приведени ноќеска во тетовската полиција откако претходно агресивно се однесувале во клиничката болница и кон полицајци кои дошле за да интервенираат. Браќата дошле во болницата за да му се укаже помош на помладиот од нив.

 -Околу 2.25 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(47) од Тетово, кој се однесувал агресивно и се обидел со остар предмет да ги нападне полицајците. Потоа удрил и еден од нив, откако дошол во тетовската клиничка болница, каде на Хируршкото одделение му се укажувала помош на неговиот брат Ј.А.(42). 

Н.А. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Нешто подоцна, околу 3.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле и Ј.А.(42), кој се однесувал агресивно, а претходно скршил и стакло од врата во тетовската болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Исто така, вчера околу 21 часот полицајци лишиле од слобода и три лица поради пријавено разбојништво во текот на денот.

– Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Е.(18) од Палатица, А.Ј.(24) и Ј.З.(23) од Тетово, поради сомнение дека околу 16.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, извршиле разбојништо над 19-годишниот тетовец Л.Р. Тие физички го нападнале Л.Р. и му одзеле и пари, рече Јосифоски. 

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Само во Македонија“: Кумановец шест години предавал математика со фалсификувана димплома

Редакција

Возило украдено на Косово пронајдено во Горно Количани

Редакција

Едно лице загина, малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

Редакција