еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице загина, малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

На 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (43) од Прилеп, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т., кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б .(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп и јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 350.000 вакцини за Ковид-19 рокот им истекува до крајот на годината, интерес за вакцинирање нема

Редакција

ЈЗУ Клиничка болница Тетово склучи договор со Мист енерџи еко вреден 650,4 илјади евра

Редакција

(Фото) Пендаровски на муабет со Дино Мерлин

Редакција