еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

81-годишен дедо во Скопје допирал деветгодишно девојче

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години.

Kако што соопштуваат од ОЈО, осомничениот искористил прилика во која деветгодишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал.

Посочуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хотел „Мизо“ во Охрид нуди бесплатно сместување за семејства од погодените подрачја од земјотресот во Албанија

Редакција

Македонија е делумно слободна земја според најновиот извештај на „Фридм хаус“

Редакција

Апсурдни ситуации при издавањето на документи со „Северна“

Редакција