еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија е делумно слободна земја според најновиот извештај на „Фридм хаус“

Македонија е рангирана во групата на делумно слободни земји во најновиот извештај „Слободата во светот 2021“ на Фридом хаус.

Државата има мал напредок во однос на лани, кога за разлика од годинешните 66 поени од можни 100, „Фридом хаус“ политичките права и граѓанските слободи ги оценил со три поени помалку.

„Левичарската влада ги смири тензиите по парламентарната криза во 2017 година која ја парализираше нормалната политичка активност.

Северна Македонија продолжува да се бори со корупцијата, додека медиумите и граѓанското општество се вклучени во интензивна јавна дебата, новинарите и активистите се соочуваат со притисок и заплашување“, се вели во Извештајот.

Во него се забележува за владеење на правото, а оценките за транспарентноста, слободата на изразување и корупцијата остануваат исти како и лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усмртен пешак на патот Кичево-Охрид

Редакција

Во болницата Козле се хоспитализирани четири деца позитивни на корона вирусот

Редакција

Тројца од петмината осомничени за убиството на Вања и Панче го признале делото

Редакција