еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На 350.000 вакцини за Ковид-19 рокот им истекува до крајот на годината, интерес за вакцинирање нема

Во моментов здравствениот систем располага со 350.000 вакцини за Ковид-19, со важност до крајот на оваа година, информираше денеска министерот за здравство, Беким Сали.

Во одговор на новинарско прашање, Сали посочи дека бројот на нововакцинирани лица, односно лица кои вторпат или третпат се вакцинираат на дневно ниво против Ковид-19 е околу 1.000.

– Опаднат е интересот, поради намалениот број на новозаболени. Морам да напоменам и дека тие 350.000 вакцини со кои располагаме се донација од пријателски земји, 250.000 се од Италија и 100.000 се донација од Хрватска, вели Сали и додаде дека во моментов располагаат со доволно вакцини, но и дека државата има обврска да обезбеди вакцини за сите фази со кои евентуално можат да се соочат.

Информираше дека и поради есенскиот период навремено се снабдени и со вакцини против сезонскиот грип, но и за вакцина против коронавирусот.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Центар склучи договор со А1 Македонија вреден 2 милиони евра

Редакција

Трајко Вељаноски ќе сведочи за „27 април“

Редакција

Зголемување на платите треба да има, но ако се направи наеднаш може да предизвика инфлација, повтори Ковачевски

Редакција