еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Охридското обвинителство поднесе обвинение против браќата Усеини, притворот продолжен

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, браќа на возраст од 45 и 48 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Станува збор за советникот на ДУИ, во Општин Охрид. Нефи Усеини и неговиот брат.

„Обвинетите на 18 август 2020 година, околу 11.30 часот, по претходен договор извршиле грубо насилство врз едно лице при што во јавноста, кај присутни гости и вработени во хотелот Јуник во Охрид, предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Обвинетите го повикале оштетениот на средба во хотелот, па откако тој пристигнал со возило, на совозачкото седиште седнал еден од обвинетите. Веднаш започнале расправија, излегле од возилото кај паркингот пред хотелот, каде во меѓувреме пристигнал и вториот обвинет.

Во тој момент, двајцата обвинети физички го нападнале оштетениот. При тоа, на еден од обвинетите од пантолоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет.

Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол.

По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот,“ се вели во соопштението.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата обвинети, поради постоење опасност од нивно бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битолска апелација не го пушти Нефи Усеини од притвор, засега останува во охридскиот затвор

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на Нефи Усеини од 30.000 евра, битолска Апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Фото: Фејсбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски

Редакција

Подготовки за изборите: Изборниот материјал ќе се дистрибуира до општинските комисии

Редакција

Пет членови на претседателството од „огнените“ го напуштија ДУИ, партијата жали за нивната одлука

Редакција