еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Абази случајно го сретнал Бејта на планина, а фотографијата со братот на Ахмети била од свадба

Новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази денеска даде заклетва и ја презеде функцијата од Вилма Русковска, а на новинарите им дообјаснуваше за потеклото на фотографиите на кои е со функционери на владејачката ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

За фотографијата со поранешниот градоначалник на Гостивар и долгодишен член на ДУИ, Невзат Бејта, рече дека случајно се сретнал со него на планина.

Врвот не го качувал со него, оти бил љубител на лов и планинарење.

„Во периоди на викенди, одмори, излегувам и планинарам. Хоби ми е ловот и планинарењето. Во тие делови јас сум се сретнал со луѓе и сум се поздравил. Да се качиш на еден врв, тоа е еден врв во РС Македонија, е радост и се практикуваат слики да го обележиш тој настан за искачување на врв. Тука сме се нашле ние случајно.

Мојата мајка потекнува од Гостивар и си имале познанство. Се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа“, рече Абази.

За фотографијата пак со братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Фикри Ахмети рече дека била од свадба.

„По однос на другите фотографии, јас и моите родители потекнуваме од Зајас. Тоа е село како што знаете и се случува јас и моите родители да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан.

На таа фотографија со братот на Ахмети, сме повикани на свадба. Сме се сретнале таму, и тоа е. На тие свадби ние никогаш не сме зборувале ни за предмети, ниту пак за политика“, рече Абази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се огласи на Фејсбук за новите истраги на СЈО против него

Редакција

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Редакција

Коронавирусот регистриран во 24 градови во Македонија, детален преглед

Редакција