еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Фатмир Бетиќи е новиот вицепремиер за економски прашања.

Роден е на 26 октомври 1975 година. Оженет е.

еМагазин во серијал Ви ги пренесува биографиите на членовите на новата Влада.

Какво образование има

Има диплома по бизнис администрација, смер бизнис менаџмент (еквивалент на мастер студии), која ја стекнал на Универзитетот во Тирана, Албанија.

Зборува и англиски, германски, српски и хрватски јазик.

Политичка кариера

Од април 2018 година беше посебен советник на тогашниот и актуелен премиер Зоран Заев.

Работно искуство

Од ноември 2017 до февруари 2018 година бил заменик директор на проект Allison lon – проектен директор.

Од јануари 2015 до април 2018 година бил сениор експерт во компанијата Ко-План ДОО, консултантска канцеларија.

Од јуни 2017 до декември 2017 година бил советник на државниот ревизор во Државен ревизор на Косово.

Од февруари 2012 до јуни 2013 и од септември 2015 до јуни 2017 година бил извршен директор на Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Од јуни 2015 до април 2016 година бил советник на државниот секретар во Министерството за администрација на локалната самоуправа во Helvetas, Swiss Intercooperation.

Од октомври 2014 до март 2015 година бил сениор експерт во Дењтра центар, Скопје (Проект на УСАИД).

Од јануари 2013 до април 2015 година бил клучен експерт (проект на ЕУ) на Косово во ESEP ltd, Шкотска.

Од септември 2009 до ноември 2011 бил експерт (проект на ЕУ) ИПА земјите корисници (Западен Балкан) во компанијата АТС – Австрија.

Од декември 2007 до септември – октомври 2008 и мај 2009 година бил обучувач/консултант  во BDPA, EWI and MDF, Босна и Херцеговина.

Од јануари 2006 до септември 2009 година бил координатор на градење на капацитет/сенор обучувач во Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Од април 2003 до јули 2004 година бил програм координатор/обучувач во Македонски центар за меѓународна соработка.

Од февруари до декември 2002 година бил раководител на подружница во МЦМС – Канцеларија во Косово.

Од ноември 1999 до февруари 2002 и од јануари 2003 до декември 2005 година бил в.д. раководител на Одделение/обучувач во МЦМС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Што пишува во биографијата на Никола Димитров, новиот вицепремиер за европски прашања

Што пишува во биографијата на Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција 

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Фото: Фејсбук/Бетиќи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР официјално и препорача на Владата да го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Еурека: Пратениците по мандатот да станат заменици-директори во јавните претпријатија

Редакција

Турција до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Редакција