еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по втор пат ќе ја врши премиерската функција.

Роден на 8 октомври 1974 година во Струмица.

Во брак е со Зорица Заева со која има две деца, ќерката Александра и синот Душко.

еМагазин во серијал Ви ги пренесува биографиите на членовите на новата Влада.

Какво образование има

Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.

Работно искуство

Првата работна позиција му е во семејното трговско друштво „Тргопродукт“, и за пет години напредувал до менаџерската позиција.

Дополнително, бил член на неколку одбори на компании, банки и јавни претпријатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил идниот премиер Зоран Заев

Политичка кариера

Заев е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во 2006 година е избран за потпретседател на Централниот комитет на СДСМ, а во 2008 година стана в.д. претседател на партијата.

Од 2013 година, Заев е лидер на СДСМ.

Во 2005 година, Заев стана градоначалник на градот Струмица, како најмлад градоначалник во земјата.

По победата на локалните избори во 2013 година, го започна својот трет последователен мандат како градоначалник на овој град, и оваа функција ја извршува до декември 2016 година.

Како стигна до премиерската функција

Во февруари 2015 година, Заев го започна проектот „Вистината за Македонија“, објавувајќи нелегално стекнати аудио снимки, познати и како „бомби“ за функционерите на тогашната Влада предводена од Никола Груевски, кој избега во Унгарија и стана политички азилант.

По „Пржинскиот договор“ и парламентарните избори во 2016 година, на 31 мај 2017 година, Заев беше избран за премиер на Република Македонија.

Во јануари 2020 година се повлече од премиерската позција согласно законски утврдениот модел на пржинската Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Бојан Маричиќ, новиот министер за правда

Економскиот промотор кој стана министер: Кој е Крешник Бектеши

Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски

Инвестицискиот банкар кој ќе не спасува од загадувањето: Кој е Насер Нуредини, старо-новиот министер за екологија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѕвездата од понеделник се враќа во Македонија

Редакција

Расте бројот на новозаболени со Ковид-19 со претходни заболувања

Редакција

ЕУ мора да си ги исполни ветувањата за Македонија и Албанија, порача Метју Палмер на “Преспа форумот за дијалог“

Редакција