еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Бојан Маричиќ, новиот министер за правда

Бојан Маричиќ е кандидатот на СДСМ за нов министер за правда.

Роден е на 7 јануари 1983 година во Скопје, стои во неговата биографија.

Оженет е и е татко на две деца.

еМагазин во серијал Ви ги пренесува биографиите на членовите на новата влада.

Какво образование има

Маричиќ е дипломиран правник. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година на отсек меѓународно право.

Магистрирал на меѓународно и европско право на Универзитетот во Амстердам, Холандија во 2009 година.

Магистрирал по современи европски студии на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Велика Британија во 2011 година.

Работно искуство

Од јануари 2020 година е национален кординатор на Владата за интеграција во Европската Унија (ЕУ).

Од јули 2018 година е заменик на главниот политички преговарач за пристапување на Македонија во ЕУ.

Од јуни 2017 до јануари 2020 година е посебен советник за евроатлански интеграции на претседателот на Владата.

Од ноември 2014 до јуни 2017 година е извршен директор на Евротинк-центар за европски стратегии.

Зборува англиски, српски и хрватски јазик, а има основно познавање на француски, бугарски и руски јазик, стои во неговата биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Економскиот промотор кој стана министер: Кој е Крешник Бектеши

Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски

Инвестицискиот банкар кој ќе не спасува од загадувањето: Кој е Насер Нуредини, старо-новиот министер за екологија

Несудениот новинар: Кој е Артан Груби, „првиот вицепремиер“ и министер за политички систем

Фото: Фејсбук/Маричиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Фондот за здравство, Ахмети, поднесе оставка

Редакција

„Охис“ и 100 нови згради во Кисела Вода

Редакција

(Видео) Трактори од цела Грција ја „окупираа“ Атина, жителите ги дочекаа со аплаузи

Редакција