еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Трактори од цела Грција ја „окупираа“ Атина, жителите ги дочекаа со аплаузи

Протестот на земјоделците во соседна Грција денеска се сели на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Земјоделците со недели протестираат за високите цени за производство, цената на струјата и нафтата и други причини, а периодов блокираа патишта и гранци.

Денеска земјоделци со трактори од целата земја дојдоа во Атина, откако грчката Влада не им излезе во пресрет на барањата.

Жителите на главниот град пак, како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи ги пречекаа со аплаузи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Поради високите цени, млади „окупираа“ супермаркет во Солун

Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мира Марковиќ ќе биде погребана покрај Милошевиќ

Редакција

Кривична пријава за „Андон Ќосето“: Преку Фејсбук му се заканувал на премиерот Зоран Заев

Редакција

Садула Дураки ем министер ем вицепремиер

Редакција