еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

Не престануваат реакциите во јавноста за изборот на Ислам Абази за нов шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Освен што е непознат за јавноста, но и за правната фела, дополнителни реакции предизвикаа објавените фотографии со него и функционери на ДУИ. Уште пред да стане шеф на ОЈО ГОКК, за Абази се шпекулираше дека е „човек на ДУИ“, а во неговото прво јавно појавување тој тврдеше дека нема лични контакти ниту со соселанецот Али Ахмети, лидерот на ДУИ, ниту пак со други функционери на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Но, испадна дека е добро познат во ДУИ.

На една од објавените фотографии, Абази е со поранешниот градоначалник на Гостивар и долгогодишен член на ДУИ, Невзат Бејта, на друга е во лов на диви свињи со обвинителот од скопското Вишо јавно обвинителство, Дилавер Бектеши, познат по случајот со двајцата поранешни функционери на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, осудени на казна затвор за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година, за да во Чаир победи ДУИ, кој во текот на постапката одлучи на двајцата да им се вратат пасошите.

На трета пак е сликан во опуштена атмосфера со братот на Ахмети, Фикри Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

Абази не е непознат ни за претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој изјави дека не треба да коментира неговото познанство со функционери на ДУИ, бидејќи станувало збор за претставници на различни власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талат Џафери не спори дека и тој се знае со обвинителот Абази

– Прво и основно јас сум претседател на Собранието и како пратеник и како Собрание ние сме посебна власт, тие се посебна власт. Ние сме мала држава. Ако одиме од тоа дали се познаваме или не, ќе биде некоректно да кажеме дека ние не го познаваме човекот којшто ни бил во Вишото обвинителство во Гостивар.

Така што, во тој контекст не е спорно ние дали се знаеме или не, изјави Џафери.

Освен за бројни експерти и аналитичари и според министерот за правда Никола Тупанчески овие фотографии на некој начин имплицираат дека Абази има “некаква конекција или комуникација со претставници на одредена политичка партија“.

– Дефинитивно никогаш не може до крај да се неутрализираат, најважно од целата работа во комуникацијата е дека практично времето ќе биде главниот фактор кој ќе покаже дали навистина овие хипотези или претпоставки кои се пласираат по неговиот избор имаат реална основа.

Комуникацијата не може да биде исклучена, но најважно е таа комуникација да не биде злоупотребена, изјави Тупанчевски.

Дека фотографиите на Абази со функционери ДУИ оставаат простор да се верува дека постоело некакво влијание, смета и претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, која има и забелешка на начинот како е избран.

– Да се надеваме дека новиот шеф на Обвинителството ќе застане на патот на криминалот и корупцијата, меѓутоа секако имаме забелешки за начинот на кој се избираше. Отсекогаш се бараат некакви механизми за подобар избор, еве сега се даде шанса сите обвинители на демократски начин да гласаат и тоа е во ред.

Од друга страна, по мене, се заборави на критериумите за квалитет на оценките што ги дава Советот на јавни обвинители и на Програмата за работа, а сето тоа се елементи што ќе дадеа појасна слика за кој човек се работи, каква позадина има во својот професионален дел од работата. Така сликата ќе ни беше поцелосна, изјави Ивановска.

Таа вели дека од Антикорупциска не можат да кажат дали некој им наметнал на обвинителите како да гласаат, меѓутоа, како што изјави, во отсуство на некои од критериумите се остава простор да помислат дека постоело некакво влијание.

– Во отсуство на сите овие работи што ги набројав, останаа сликите со блиски лица во партијата, што остава простор да веруваме дека постоело некакво влијание. Доколку е тој човек со интегритет може да се избори и да докаже дека е тој што ќе го среди Обвинителството, изјави Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Абази вели оти немал лични контакти со соселанецот Ахмети и други кадри на ДУИ

Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гардијан: Најтешка е ситуацијата во Македонија, околу 98% од Европејците дишат загаден воздух

Редакција

Деветнаесет години од смртта на Борис Трајковски

Редакција

Вучиќ: Не ги потпишав Договорот и Анексот, но Србија е подготвена да работи на нивната имплементација

Редакција