еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Деветнаесет години од смртта на Борис Трајковски

Со положување на цвеќе од страна на државниот врв и од Собраниската делегација, денеска ќе се одбележи деветнаесет-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Во Бутел во Скопје на гробот на поранешниот претседател ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на Трајковски, Вилма Трајковска, како и делегација на Кабинетот на претседателот предводена од претседателот Стево Пендаровски.

Исто така, во Бутел цвеќе ќе положи и делегацијата на Владата составена од Славица Грковска, заменик претседател на Владата, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, Беким Реџепи, заменик министер за транспорт.

Потоа, делегација на АРМ предводена од генерал мајор Азим Нуредини, заменик началник на Генералштаб, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

На градските гробишта во Бутел цвеќе ќе положи и делегација на Собранието, предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, во состав Снежана Калеска-Ванчева и Тони Јаревски.

Во Струмица  на споменикот на поранешниот претседател ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе делегација од Владата предводена од министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи авионската несреќа, ќе присуствуваат и ќе положат цвеќе владина делегација во состав од Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи и претставници од Кабинетот на претседателот, Катерина Цаневска Арсовска, советник на претседателот, полковник Билјана Блажевска, аѓутант на претседателотКако што е најавено, во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.

Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

Покрај претседателот Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

МИА/фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 327 оздравени од Ковид-19

Редакција

За еден ден во судница преслушани 106 „бомби“ за „Титаник“

Редакција

Лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има, најавата за блокада на Собранието е за политички цели на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ковачевски

Редакција