еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Гардијан: Најтешка е ситуацијата во Македонија, околу 98% од Европејците дишат загаден воздух

Околу 98 отсто од европските граѓани дишат отровен, многу штетен загаден воздух, кој е поврзан со околу 400.000 смртни случаи годишно, а Македонија е најтешко погодена, покажа истражувањето на британскиот дневен весник Гардијан.

Европа се соочува со „тешка криза во јавното здравје“, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, се наведува во анализатра на британскиот весник.

Анализата на податоците собрани со помош на најсовремената методологија – вклучувајќи детални сателитски снимки и мерења од повеќе од 1.400 копнени станици за мониторинг – открива страшна слика за загадениот воздух, при што 98 отсто од луѓето живеат во области со високо штетно загадување со ситни честички што ги надминуваат стандардите поставени од Светската здравствена организација (СЗО). Речиси две третини живеат во области каде што квалитетот на воздухот е повеќе од двојно над одзволеното ниво согласно СЗО.

Најпогодена земја во Европа е Македонија. Речиси две третини од луѓето во земјата живеат во области со повеќе од четири пати повеќе од насоките на СЗО за PM2.5, додека во четири области е откриено дека имаат загаденоста на воздухот е речиси шест пати поголема од препораките, вклучително и во главниот град, Скопје.

Источна Европа е значително полоша од западна Европа, освен Италија, каде што повеќе од една третина од оние што живеат во долината По и околните области на северот на земјата дишат воздух што е четири пати над насоките на СЗО за најопасните честички во воздухот.

– Ова е тешка криза на јавното здравје, изјави Роел Вермеулен, професор по еколошка епидемиологија на Универзитетот во Утрехт, кој го предводеше тимот на истражувачи низ целиот континент што ги собра податоците.

– Од она што гледаме, сосема јасно е дека речиси сите во Европа дишат нездрав воздух, вели тој.

Податоците исто така откриваат дека речиси сите жители во седум земји во источна Европа – Србија, Романија, Албанија, Македонија, Полска, Словачка и Унгарија – имаат најмалку двојно повеќе нечист воздух од насоките на СЗО. Исто така, анализата открива дека повеќе од половина од населението во Македонија и Србија живее со четири пати поголеми вредности од препорачаните од СЗО.

Сообраќајот, индустријата, греењето во домаќинствата и земјоделството се главните извори на PM2,5, а влијанието често се чувствува несразмерно кај најсиромашните заедници, наведува Гардијан.

Загадувањето на воздухот стана клучно прашање во Европа, при што ЕУ е под притисок да стори повеќе за да се справи со растечката криза на јавното здравје. Минатата недела, Европскиот парламент гласаше за усвојување на упатствата на СЗО за PM2.5 до 2035 година.

Законот, кој треба да биде финализиран во преговорите со Советот, ќе постави законски обврзувачка граница за годишните концентрации на PM2.5 од 5µg/m3, што е намалување од сегашните 25 µg/m3 (µg/m3 = микрограми на кубен метар).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за спорот на Македонија со Бугарија: „Вие не сте она што мислите дека сте„

Редакција

Нови 303 случаи на Ковид-19 од 1.405 тестирања, бројот на активни случаи е 18.000

Редакција

Убава вест: 450 оздравени од Ковид-19

Редакција